Денес на новиот спортски комплекс во населбата Хиподром, меѓусебен контролен натпревар одиграа Фк Вардар генерации родени 2003 и 2004 година. Секако поуспешни беа повозрасните, кои забележаа победа со резултат од 10:2. Инаку се играше тгри полувремиња по 20 минути. Уште во првата четвртина на мечот, избраниците на Ане Андовски имаа високо водство од 3:0, кое само го зголемуваа до крајот на натпреварот, Во вториот дел, генерација “2004“ успеаа да ја затресе мрежата на повозрасните Вардарци и тоа на два пати, но генерација “2003“ постигна нови четири голови, за предност од 7:2. Во последниот дел од 20 минути, уште три гла во мрежата на помалите, за конечни 10:2 на овој дуел. Инаку се играше 8+1 на теренот.
Головите за победничката екипа ги постигнаа: Александро Прелоговски (2), Филип Ѓорѓиевски (2), Влатко Стојановски, Горазд Јордановски, Благоја Јаневски, Петре Тасевски, Дарио Јовановски и Марио Петрушевски. Головите пак за генерација “2004′ беа дело на Горазд Попов и Марко Софијански. Ова беше последен контролен натпревар за генерација “2004“ пред заминувањето на турнирот во Сандански ( Бугарија), во периодот од 17-21 февруари.