Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Една победа и пораз за пионерките на Рк Вардар, на првиот ден на турнирот во Србија
Една победа и пораз за пионерките на Рк Вардар, на првиот ден на турнирот во Србија

Една победа и пораз за пионерките на Рк Вардар, на првиот ден на турнирот во Србија

Денеска стартуваше турнирот во Зрењанин-Србија, на кој учествуваат и пиоенерските екипи на ракометниот клуб Вардар. Од денес па се до понеделник ќе бидат одиграни вкупно 217 натпревари, во машка и женска конкуренција. Се натпреваруваат 84 екипи од Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Романија. Во ракометните сали ќе заиграат околу 1.200 ракометари и ракометарки.

Пионерките на Рк Вардар предводени од Драгана Ристова-Пецевска одиграа два натпревари на отварањето на овој турнир и забележаа половичен успех. Најпрво забележавме триумф во дуелот со екипата на Јаша Томиќ со резултат 12:6. Одлична игра за нашите млади надежи, кои доминираа на натпреварот и сосема заслужено победија. Попладнево одиграа уште еден дуел, на кој беа поразени од екипата на Камп Црвенка. Во еден неизвесен и израмнет натпревар, на крајот подобро се снајде противничката екипа, која забележа минимална победа со резултат 11:9. Утре црвено-црните, за противник ја имаат екипата на Турунум. Првично во групата беа пет екипи, но поради откажувањето на некои екипи, од оваа група отпадна Нов Белград, кој се натпреварува во друга група.