Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци се враќаат од Анталија без ниту еден пораз
Вардарци се враќаат од Анталија без ниту еден пораз

Вардарци се враќаат од Анталија без ниту еден пораз

”Црвено – црната експедиција” на Вардар рано наутро ќе тргне на пат за Скопје. Поминаа повеќе од 25 дена на подготовки во Турција (Анталија). На овој 25-дневен престој, црвено – црните момци можат да се пофалат дека не загубија ниту еден натпревар. Вардар во Анталија одигра шест пријателски средби, забележа четири победи,  запиша две нерешени средби, и ниту еден пораз.

fkvardar-vardarfans

ФК Вардар на овие зимски подготовки се сретна со шест резлични екипи. Најпрвин игравме против тимот на Волфсбергер од австриската прва лига, тој натпревар го добивме со резултат 3-2. Потоа одигравме натпревар против швајцарскиот второлигаш, тимот на Вил. Тој натпревар заврши 0-0. Потоа силите ги одмеривме со Слован Либерец, тој натпревар нашиот тим го доби со резултат 2-1, инаку тимот на Либерец моментално го завзема четвртото место во Чешката прва лига. Потоа се судривме со Металист Харкив, против украинците одигравме 1-1, потоа уште еден дуел одигравме со украинска екипа, стануваше збор за Черноморец Одеса, овој натпревар Вардарци го одиграа перфектно. За денес, шлаг на тортата да ставиме против екипата на Елверсберг од Германија. Вардарци утре се враќаат за Скопје, и ќе се подготвуваат за дуелот следната недела против Ренова на домашен терен.