Фудбалскиот клуб на Вардар генерација “2005“ ги одработува последните подготовки, пред заминувањето во Сандански ( Бугарија), каде во периодот од 17-21 феверуари ќе учествува на силен меѓународен турнир. Избраниците на Зоран Петковски вчера во населбата Аеродром одиграа два контролни натпревари со двете екипи на фудбалскиот клуб Форца.
Фк Вардар (1) се сретна со тимот на Фк Форца (1) и забележа триумф со резултат 5:3. Се играше едно полувреме во времетраење од 60 минути, без пауза. Дарко Сековски постигна два гола, додека по еден беа дело на капитенот Филип Јовановски, Давор Лефковски и Лука Јакимовски.
Нивните соиграчи од Фк Вардар (2) остварија уште поголем триумф во дуелот со Форца (2). Конечниот резултат помеѓу овие екипи гласеше 6:2. На овој меч двајца играчи постигнаа по два гола, тоа беа Петар Пројкоски и Филип Крстиќ. Еднаш во листата на стрелци се запишаа Андреј Петровски и Исак Петковски.