Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на Фк Вардар им нанесоа “тежок“ пораз на Македонија Ѓ.П, Марко Ѓорѓиевски постигна четири гола
Пионерите на Фк Вардар им нанесоа “тежок“ пораз на Македонија Ѓ.П, Марко Ѓорѓиевски постигна четири гола

Пионерите на Фк Вардар им нанесоа “тежок“ пораз на Македонија Ѓ.П, Марко Ѓорѓиевски постигна четири гола

Пионерите на Фк Вардар победуваат и на контролните натпревари, со што покажуваат дека се наоѓаат во одлична форма, пред стартот на пролетниот дел од сезоната. Избраниците на Сашо Тодоровски утрово на теренот во населбата Ѓорче, одиграа пријателски натпревар против своите врсници од Македонија Ѓ.П. Овој дуел убедливо им припадна на Вардарци, со резултат 5:1. Марко Ѓорѓиевски влегува во гол-форма, откако на денешниот натпревар четири пати ја тресеше противничката мрежа, додека еден погодок беше дело на Јакуп Бериша. Се играше две полувремемиња, од вкупно 35 минути.

Уште од самиот старт на дуелот, црвено-црните започнаа сериозно и фуриозно кон голот на противникот. Ваквата наметната игр брзо донесе резултат, кога рано успеавме да постигнеме гол за водство од 1:0. Се што успеаа да стори Македонија Ѓ.П на овој меч е да го израмни резултатот на 1:1. До крајот на првиот дел, Вардарци постигнаа уште два гола за на одмор да се замине со водство од 3:1. Сите три погодоци во првиот дел беа дело на Марко Ѓорѓиевски.

Ниту во вториот дел не запреа нападите на црвено-црниот состав. Тренерот Тодоровски им даде шанса за настап на сите играчи кои беа на располагање. Офанзивната игра на Вардар им донесе уште многу прилики за погодок на овој меч, а два завршија зад голманот на противникот. По еден гол во овие 35 минути, беа дело на Јакуп Бериша и повторно во вниманието Марко Ѓорѓиевски, кој одигра одличен натпревар и покажа зошто беше прогласен за најдобар млад стрелец во лигата за сезона 2014/15.

Во вторник пионерите заминуваат на неколкудневни подготовки во Дојран, каде ќе продолжат да ја “темпираат“ формата пред важните натпревари во домашното првенство и куп, каде имаат големи шанси за освојување на трофеи.