Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Петарда во мрежата на Македонија Ѓ.П, од помладите пионери на ФК Вардар
Петарда во мрежата на Македонија Ѓ.П, од помладите пионери на ФК Вардар

Петарда во мрежата на Македонија Ѓ.П, од помладите пионери на ФК Вардар

Помладите пионери го следаа примерот на повозрасните пионери и забележаа убедлива победа на контролен натпревар во Ѓорче, против екипата на Македонија Ѓ.П. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 5:0, во корист на црвено-црните.

Одличен натпревар и за нашите помлади пионери, кои одиграа константно добро во текот на сите 70 минути. Избраниците на Сашо Јанев ја најавија победата уште во првиот дел, кога добрата игра беше крунисана со два погодока во противничката мрежа. Најдобриот стрелец во оваа генерација, Ибрахим Ариф беше стрелец на двата гола за предност од 2:0, по истекот на првите 35 минути.

Максимално борбено продолжи и второто полувреме, на теренот играше само една екипа, која постојано атакуваше на голот на Македонија Ѓ.П. Во овој дел од натпреварот успеавме да постигнеме уште три погодоци, за конечен резултат од 5:0. Стрелци на головите во вториот дел беа Марио Асенов, Мартин Спировски и Мишо Крстевски. Тренерот на пом. пионери Сашо Јанев може да биде задоволен од играта на своите избраници, кои во пролетниот дел ќе го бранат приматот есенски шампион во првенството.

Како и пионерите, така и оваа генерација во периодот од 16-21 феверуари ќе биде на подготовки во Дојран.