Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардаровата победничка низа продолжува, нова “жртва“ 18 Август, дуото Влаќевски-Димитровски брилијантни
КУГЛАЊЕ! Вардаровата победничка низа продолжува, нова “жртва“ 18 Август, дуото Влаќевски-Димитровски брилијантни

КУГЛАЊЕ! Вардаровата победничка низа продолжува, нова “жртва“ 18 Август, дуото Влаќевски-Димитровски брилијантни

Вчера во кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски“  црвено-црниот кугларски колектив го одигра својот домашен дуел во рамки од 7-мото коло во Македонската кугларска лига. Гостин ни беше екипата на Кк 18 Август Адинг, вардарци и во овој дуел беа убедливи однесоа победа со резулат 7-1 (21-3).

Во првиот дуел на овие две екипи во втоρото κоло кои се  игρаше  во κуглаρницата “Мусандρа”  завρши со маκсимална победа за ваρдаρовите κуглаρи со ρезултат 0-8. Вчерашната победа само не зацврсти на првата позиција каде сме на делба заедно со шампионот Макпетрол. Кај нас брилијантна партија имаа ударното дуо Влаќевски-Димитровски кои остварија светски резулати. Бојан Влаќевски имаше 674 “соборени дрва“ , а вториот во ова фантастично дуо Димитар Димитровски имаше исто така вонсериско остварување од 643 “соборени дрва“ . Навистина е бесценета приликата за еден клуб, тренер или соиграч крај себе да ги има овие два куглари кои прват разлика на дуелите.  Дане Јакимовски стандардно одличен и со скор веднаш зад дуото и имаше скор од 556,  а искусниот Миле Димковски имаше 555 “соборени дрва“. На овој меч настапиа уште Влатко Стојановски со скор 529  и Коста Ристевски тој имаше скор од 542 “соборени дрва“. Целата екипа на вардарци ова коло запиша  скор од 3499 “соборени дрва“. Во следното 8.коло избраниците на Драги Димитровски гостуваат во кугларницата “Мусандра“ кај фенерџијата на лигата екипата на Кк Империал Тобако ТКС, овој меч е закажан за 20/02/2016година со почеток во 10-00 часот.