Утрово продолжија натпреварите на вториот натпреварувачки ден на турнирот во Зрењанин-Србија. Пионерските екипи на ракометниот клуб Вардар беа поразени на двата дуела.
Пионерите на Рк Вардар испуштија голема можност со победа или нерешен резултат, уште сега да бидат сигурни патници во полуфиналната рунда. На последниот натпревар во групната фаза, избраниците на Будимир беа минимално поразени со резултат 14:13, од екипата на Камп Растеме. Многу интересен натпревар, на кој никоја од двете екипи не успеа резултатски да се одлепи и беше многу неизвесно до самиот крај. Вардар имаше последен напад, кој за жал не успеаа да го реализира. Ќе се чекаат останатите натпревари од оваа група, за дефинитивно да биде познат конечниот пласман во групата во која настапуваат нашите пионери. Во текот на вчерашниот ден забележавме две победи, против екипите на Спачва и Раковицца. Поразени бевме во дуелот против Војводина.
Свој настап утрово имаа и пионерките, кои доживеаа пораз од екипата на Турунум. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 13:2, во корист на противничката екипа. Ова беше втор пораз за оваа генерација на турнирот во Зрењанин, а имаме забележано и една победа.