Црвено-црните забележаа победа на шестиот натпревар во Анталија, вчера беше победен беше германскиот тим на Елверсберг со резултат 3-1 (1-0). Ова беше последен тест-дуел во овој турски центар по што играчите на ФК Вардар се вратиа во Македонија. Стрелци за нашиот шампион беа : Дејан Блажевски во 3 минута и во 80 минуата од пенал и младиот Јасир Асани кој стрелаше во 82 минута од мечот.
За составот предводен од Гоце Седлоски настапија следните играчи: Гачевски, Брдаревски, Мијушковиќ, Попов, Љамчевски, Николов, Велковски, Блажевски, Грозданоски, Стојков, Ивановски, а влегоа во игра на овој меч и Трајчевски, Личина и Асани. Головите од овој дуел ќе може да ги погледнете на следното видео .