ФК Вардар отсекогаш бил место каде се собирал “младинскиот фудбалскиот цвет“ од целата наша република. Такво е последното засилување за пионерите на ФК Вардар, младиот стружанец Анел Калчиноски. Тој во црвено-црните пионери дојде од екипата на австрискиот тим ДСЦ.
Анел е фудбалер кој е роден 2000 година, тој поседува исклучителни физички карактеристики. Почнал да тренира фудбал доста рано на неполни 8 година, а фудбалски почетоци ги имал во екипата на Фк Караорман од Струга. Откако играл неколку сезони во Караорман заминал на проба во Австрија. Таму задоволил и само после една недела проба преминал во ДСЦ, од каде се враќа во нашиот Вардар. Настапува на позицијата лево крило, тој ќе биде квалитетно засилувањата за генерацијата предводена на клупа од Сашо Тодоровски. Калчиноски во изјава за нашиот вардаров сајт вели :
-Отсекогаш имав желба да играм за Вардар, после успешната еднонеделна проба ми се исполни желбата да станам дел од црвено-црните. Тука играчите се прекрасни имаме добра екипа , добри услови, има голема конкуренција јас сум во офанзивните редови како лево крило. Засега атмосферата е многу добра би сакал така да остане и нормално да станува се подобро и подобро. се што посакувам е да го крунисаме Вардар со две круни-изјави Анел Калчиноски.
Михајло Тушевски