Овој викенд не очекува богата црвено – црна програма. По подолга пауза, фудбалскиот и ракометниот клуб Вардар ќе настапат во исти викенд. Исто така, вообичаено натпревари ги очекуваат и ЖРК Вардар Јуниор, КК Вардар, Кугларски клуб Вардар и сите останати.
ФК Вардар - започнува во новата година. Во недела со почеток во 14 часот ФК Вардар ќе го пречека тимот на ФК Ренова во рамките на ПМФЛ. Дојдете на стадион во недела, да му дадеме поддршка на нашиот есенски шампион во походот кон нова титула.
РК Вардар – Шампионот на Македонија пред своите гледачи во сабота по пречекува тимот на Кристијаншад од Шведска. Овој натпревар мора црвено – црните да го добијат, и да продолжат во борбата за што подобар пласман во групата 2 од ЛШ. Натпеварот започнува со почеток во 17 часот и 30 минути. Билетите се во продажба.
ЖРК Вардар – Девојките на Вардар по одличната партија во Букурешт, ги очекува натпревар против Европскиот првак тимот на Будуќност. Будуќност важи за секогаш незгоден и многу тежок противник за Вардарки, но се надеваме дека црната серија ќе биде прекината овој викенд, и за прв пат ќе славиме против овој тим. Натпреварот започнува во 17 часот и 30 минути. Билетите се во продажба,
Дојдете да ги бодриме нашите екипи на сите три натпревари.