Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор од 16 часот ќе одигра пријателски меч против Металург
Вардар јуниор од 16 часот ќе одигра пријателски меч против Металург

Вардар јуниор од 16 часот ќе одигра пријателски меч против Металург

Денеска со почеток во 16 часот во салата во Автокоманда, ЖРК Вардар Јуниор и ЖРК Металург ќе одиграат пријателски натпревар. Ова ќе биде последната проверка на тренерот Симе Симовски пред историскиот натпревар против Карпати во рамките на 1/4 финалето од Челинџ купот кој ќе се одигра в понеделник во нашата сала со почеток во 18:30.

Тренерот на Вардар Јуниор Симе Симовски за официјалниот сајт на клубот изјави:

„Се договоривме со Металург да одиграме уште една пријателска средба. Тие беа доволно коректни да прифатат и да спарингуваат со нас, зашто тоа ни е многу потребно во овие моменти. Екипата полека се комплетира, веќе трет ден тренираат сите ракометарки кои беа повредени, со исклучок на Ангела Тодоровска. Се надеваме дека ќе се подготвиме максимално и ќе оствариме уште еден добар резултат“, рече Симовски.