Црвено-црниот фудбалски колектив помина повеќе од 25 дена на подготовки во Турција-Анталија. Вардар во Анталија одигра шест пријателски средби, забележа четири победи, запиша две нерешени средби, и ниту еден пораз. Еден од нашите фудбалери Благоја Љамчевски кој беше дел од овие подготовки, за нашите фанови ги споделува своите впечатоци од истите, и неговите оценики за 25 дена минати во Турција:
-Одработивме добри подготовки во Анталија, таму 25 дена работевме со цел да бидеме што подобри и поподготвени за предизвиците што следуваат во првенството. Условите таму беа фантастични, почнувајќи од хотелот каде бевме сместени па се до терените каде што трениравме и се натпреварувавме. Одигравме во Анталија шест доста добри мечеви со добри противници, каде што во голем дел од натпреварите го диктиравме темпото и ете тоа вроди со плод т.е. забележавме 4 победи, имавме два нерешени дуели и ниеднаш не бевме поразени.
Веќе во недела 21 февруари стартува вториот дел од македонската фудбалска најквалитетна лига. Наш гостин е екипата на тетовска Ренова, мечот ќе почне во 14-00 часот, за него и за очекуваањето од пролетниот дел Благоја изјави:
-Првиот првенствен меч е секогаш тежок, екипата на Ренова е незгоден противник за нас, меѓутоа верувам дека ќе одиграме добро. Очекувам да започнеме со победа во пролетниот дел. Ние имаме 5 бода предност во однос на тетовска Шкендија исе надевам дека истата ќе ја зголемиме дополнително. Очекувам да ја одбраниме оваа сезона шампионската титула во македонскиот шампионат.- изјави Љамчевски за Вардар фанс.
Михајло Тушевски