Денеска фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2004“ година го одигра последниот натпревар од групната фаза на турнирот во Сандански( Бугарија). Нашите млади надежи го доживеаа првиот пораз на овој силен меѓународен турнир. Подобри од нас беа ЦСКА од Софија, со резултат од 3:1. Иако бевме поразени, благодарение на претходните три убедливи победи против Престиж Кариана од Софија (4:1), Орлетата (10:0) и Топ Тим-Охрид (4:0), избраниците на Филип Арсовски обезбедија пласман во најдобрите четири екипи. Инаку на денешниот меч, противникот покажа повеќе и имаше предност уште по првото полувреме, каде резултатот гласеше 1:0. Стрелец на единствениот погодок за Вардар беше Георг Стојановски, кој воедно е најдобар стрелец на оваа генерација во групната фаза.
Во недела се закажани полуфиналните натпревари. Младите Вардарци за противник ќе ја имаат екипата на Левски или пак Академија Пандев. Уште една наша генерација на турниров, родени “2005“ година “брка“ полуфинале, откако до крајов на денов треба да одигра два натпревари. Избраниците на Зоран Петковски веќе имаат две победи и со една нога се веќе во полуфиналната рунда, која треба да ја потврдат по завршување на денешните дуели.