Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кастратовиќ: Дојде време да го победиме Будуќност – Дамњановиќ: Посакувам во недела салата да биде исполнета
Кастратовиќ: Дојде време да го победиме Будуќност – Дамњановиќ: Посакувам во недела салата да биде исполнета

Кастратовиќ: Дојде време да го победиме Будуќност – Дамњановиќ: Посакувам во недела салата да биде исполнета

Денес женскиот ракометен шампион одржа прес-коференција, по повод претпоследниот натпревар од главната групна фаза во лигата на шампиони. Во Скопје ни гостува добро познатиот ривал и “должник“ екипата на Будуќност. Моментално на табелата Црнагорките се први со 13 бодови, второто место му припаѓа на Ѓер со 11 бодови, додека веднаш зад нив е Вардар со 10 освоени бодови. Пред медиумите во пресрет на овој дуел, се одбрати Индира Кастратовиќ и Сања Дамњановиќ.
-Натпреварот во недела е од големо значење за нас како тим, не само затоа што доаѓа европскиот шампион, туку затоа што дојде време да го победиме Будуќност, за да ја поминеме таа психолошка бариера која трае веќе подолго време. Работиме напорно деновиве, девојките се целосно посветени на овој меч. Со Букурешт одигравме многу добро и се надевам дека ќе го повториме ова издание и на мечот во недела. Будуќност е екипа која ја краси многу добра и цврста одбрана, која прима многу малку голови, ако постигнеме повеќе од 22 гола мислам дека ќе ја имаме победата во раце. Ја повикувам публиката да дојде во што поголем број и да ни помогне да ја надминеме таа психолошка и физичка пречка и да го добиеме Будуќност, изјави Индира.
Дамњановиќ очекува арената Јане Сандански да биде исполнета и верува дека екипата може да одигра многу подобро, за разлика од дуелот во Подгорица.
-Најпрво посакувам во недела салата да биде исполнета и да покажеме дека во Подгорица имавме само лош ден, еден лош натпревар и сакаме да ги поправиме грешките од тјо дуел.. Нешто што можеме да ветиме е дека ќе биде една голема борба, до последната секунда, тоа секогаш го носат мечевите со Будќуност. Не треба многу да се зборува за Будуќност, знаеме за каков силен противник станува збор, клуч за победа ќе биде да пробаме да се носиме со нивната добра одбрана, која сигурно е најдобра во ЛШ. Се покажа дека ни годи работата со Дејвис и со Индира. По поразот од Будуќност тренираме многу напорно, вложуваме многу повеќе со 150 посто од силата и се надевам дека трудот на крај ќе дојде до израз, изјави Сања Дамњановиќ.
Мечот ќе се одигра во недела во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 17:30 часот.