Во недела ФК Вардар ќе биде ослабен. Горан Попов поради суспензијата која ја имаше есеноска ќе го пропушти и овој натпревар. Па според овој хендикеп, речиси сигурно е дека на негово место ќе настапи повремениот репрезентативец на Македонија Дарко Глишиќ.
Глишиќ одигра неколку солидни натпревари во Анталија, па секако дека ќе биде 100% подготвен за овој натпревар. Дарко Глишиќ во интервју за фквардар.мк изјави дека ќе започне Вардар фуриозно од самиот старт. Покрај Глишиќ, право за настап ќе имаат и новите засилувања на ФК Вардар (Ќеран, Којашевиќ и Денковски)