Следниот противник на црвено-црните во лигата на шампиони, екипата на Кристијанштад денес пристигна во Скопје и вечерва ќе го одработи својот прв тренинг во С.Ц. Јане Сандански. Ова ќе биде натпревар во рамките на 12 коло од најголемото ракометно натпреварување, а за двете екипи бодовите се повеќе од значајни. Шведскиот шампион сеуште се надева на место кои би ги воделе во осминафиналната рунда, додека за Вардар победата е императив за задржување на шансите за пласман на позиција погоре на табелата. Натпреварот ќе се одигра утре во Јане Сандански, а истиот ќе започне од 17:30 часот.