Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Симовски: Со добра одбрана можеме да стигнеме до поволен резултат – Трпковска: Ќе се бориме за секоја топка и ќе оставиме срце на терен
Симовски: Со добра одбрана можеме да стигнеме до поволен резултат – Трпковска: Ќе се бориме за секоја топка и ќе оставиме срце на терен

Симовски: Со добра одбрана можеме да стигнеме до поволен резултат – Трпковска: Ќе се бориме за секоја топка и ќе оставиме срце на терен

Вториот тим на Жрк Вардар во понеделник го очекува голем предизвик, во рамките на 1/4 од Челинџ купот. Во Скопје доаѓа екипата на Карпати од Украина, во пресрет на првиот натпревар од ова натпреварување. На денешната прес-конференција присуствуваа тренерот Симовски, капитенот Маја Трпковска и Симона Стојановска.

-Карпати е една пречка за којашто речиси еден месец се подготвуваме. Голем успех за нас е што стигнавме до тука во Челинџ купот и големо искуство за оваа млада екипа. Нѐ очекува екипа која е калибар на нашата, тоа значи дека годиштето на девојките е слично како нашето, со исклучок на две ракометарки од по 23-24 години, а една од нив е носител на играта, како среден бек. Се подготвуваме добро и сметам дека ако ја пружиме онаа игра што ја форсираме овие година и пол, со добра одбрана можеме да оствариме добар резултат, рече Симовски.

Капитенот Трпковска најавува борба за секоја топка и верување дека може да се стигне до полуфиналето.

-Атмосферата во екипата е одлична, ќе се залагаме максимално, ќе се бориме за секоја топка и ќе го оставиме срцето на терен за оваа млада екипа да постигне историски успех и да отиде што подалеку во Челинџ купот, изјави капитенот Трпковска.

Една од најдобрите ракометарки во овој состав, средниот бек Симона Стојановска очекува поддршка од публиката.

-Ќе пружиме сѐ од себе, ќе го дадеме максимумот, ќе пробаме да одиграме онака како што се спремавме и се надевам дека ќе ве израдуваме со победа. Ги поканувам сите да дојдат и да нѐ бодрат и да ни помогнат, рече Стојановска