Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Жрк Вардар Јуниор повторно го победи Металург во Автокоманда, овој пат на контролен натпревар
Жрк Вардар Јуниор повторно го победи Металург во Автокоманда, овој пат на контролен натпревар

Жрк Вардар Јуниор повторно го победи Металург во Автокоманда, овој пат на контролен натпревар

Екипата на Жрк Вардар Јуниор која е најпријатното изненадување оваа сезона во супер лигата и европските натпреварувања, продолжува со добри резултати дури и на контролните натпревари. Избраничките на Симе Симовски имаа успешна “контрола“ пред можеби најважните два натпревари во рамките на 1/4 од Челинџ купот. Црвено-црните по втор пат оваа сезона го совладуваат првиот тим на Металург во автокоманда, но овој пат на контролен натпревар. После едно крајно неизвесно и израмнето полувреме, во вториот дел дојде до израз квалитетот на младите Вардарки кои повторно го натераа противникот да го заврши мечот со наведнати глави. Во првиот дел ниедна од двете екипи не успеаа резултатски да се одлепи, се играше гол за гол на двете страни, со краток период на свои минути за Вардар и Металург. На одмор се замина со нерешен резултат од 14:14.

Добрата игра во второто полувреме го реши натпреварот и конечниот победник. Екипата од Автокоманда тешко успеваше да го пронајде патот кон нашата мрежа, на голот ја имавме одличната Љупка Белмезова која го заврши дуелот со 13 успешни интервенции. Нашиот напад функционираше безпрекорно, успеавме да постигнеме повеќе голови од противникот и на крајот сосема заслужено да забележиме триумф. Конечниот резултат гласеше 22:28. Убедливо најефикасна во нашиот состав беше десното крило Наташа Нолевска со 9 постигнати голови, додека Сара Митова додаде 4 погодоци.

Се надеваме дека ваква добра игра ќе прикажеме и во понеделник на првиот 1/4 натпревар против екипата на Карпати од Украина и со победа изразена со поголема разлика ќе го завршиме овој натпревар. Истиот е закажан да започне од 18:30 часот во С.Ц. Јане Сандански.