Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Викендов нема натпревари во ракометната “Јуниор“ лига
Викендов нема натпревари во ракометната “Јуниор“ лига

Викендов нема натпревари во ракометната “Јуниор“ лига

Поради тројната викенд програма за екипите на ракометниот клуб Вардар, викендов нема да бидат одиграни натпревари во “Јуниор“ лигата. Причина е презафатеност на малата сала во спортскиот центар Јане Сандански. Со оглед дека во моментов на гости ни се екипите на Кристијанштад и Будуќност, а во текот на утрешниот ден ни доаѓа и Карпати од Украина, нереално ќе беше да се одржеа натпревари во оваа лига,која успешно функционира изминативе неколку месеци. Натпреварите од новото коло на Јуниор лигата, ќе продолжат од следниот викенд.