Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2005“ година не успеаа да забележат победа во следните три натпревари од групната фаза на турнирот во Сандански (Бугарија). Црвено-црните загубија два натпревари со идентичен резултат од 1:2. Најпрво во рамките на треттото коло одигравме натпревар со екипата на Фк Царско Село (Софија). На овој меч стрелец на единствениот погодок за Вардар беше капитенот Филип Јовановски. Во вечерниот термин од 19:30 часот следуваше и предпоследниот меч од групната фаза против тимот на Фк Вихрен. Од овој дуел зависеше нашиот пласман во полуфиналето, кој за жал го изгубивме повторно со резултат 1:2. Дарко Сековски постигна гол, кој беше недоволен за позитивен резултат.
И покрај двете воведни победи во групата против екипите на Металист Пловдив (3:1) и Фк Векта (8:0), среќата на крајот не ни се насмевна и ќе мора да се задоволиме со борба за пласман под четвртото место. Утрово го одигравме и последниот натпревар од групната фаза, против екипата на ЦСКА Софија, каде повторно бевме поразени со резултат 3:1. Стрелец на голот за Вардар беше Петар Пројкоски.