Фудбалскот клуб на Вардар генерација родени “2004“ година направија голем успех на силниот меѓународен турнир во Сандански (Бугарија). Во конкуренција на десет екипи, избраниците на Филип Арсовски го освоија првото место. Беа забележани вкупно пет победи и еден пораз, со гол разлика од 23 постигнати и само два примени погодоци. Тренерот на оваа “златна“ надежна генерација ги искажува своите впечатоци од изминатиот турнир и преголемото задоволство од прикажаната игра на неговите момчиња.
-На меѓународниот турнир Балканика куп во Сандански – Бугарија поминавме одлични 5 дена и оставивме силен впечаток. Бевме одлично пречекани од организаторот на овој турнир , во одлични услови за одмор и натпревари уживавме во задоволството кои ни го приредија овие момци . Од пристапот и односот на моите фудбалери на овој меѓународен турнир, како на натпреварите така и надвор од нив сум презадоволен. Тие иако имаат неполни 12 години , се однесуваат професионално и одговорно во секој поглед . Нашата цел е секогаш иста, така беше и овој пат ,наш приоритет и обврска која овие деца безпоштедно ја прифаќаат е да го претставиме нашиот Фк Вардар во најдобро светло. Пред секој меч разговаравме и се договаравме дека “задачите” ќе ги решаваме скалило по скалило, се дури не стигнеме до самиот врв , да не бидеме скромни во тоа што го знаеме и поседуваме, без никаков респект да влеземе во секој натпревар со единствена цел, победа за нас. Искрен да бидам јас секогаш верувам во моите момчиња од генерација 2004 год ,така беше и овој пат.
Успехот на Вардарци добива на тежина, ако се знае дека во полуфиналето и големото финале ги елиминиравме најсилните Бугарски екипи и школи. Освен тоа во двата меча ниеден од противниците не успеаа да ја затресе нашата мрежа.
-Бевме на мегдан во полуфинале и финале со Левски и Цска, двата најдобри клуба во млади категории во соседна Бугарија ,а и респектирани во регионот, тоа што сите таму го очекуваа е “домашно финале” , но Вардар ги “замрси“ сметките . Моите момчиња се надминаа себеси и покажаа дека во Македонија има квалитет да се надмине нашиот синдром дека во друштво на силни екипи битно е само да се учествува.
На крај тренерот Арсовски го потенцираше значењето на овој голем успех за нашите млади надежи, кои даваат се од себе да бидат уште подобри.
-Овој успех е од големо значење за овие момци , самодовербата расте и сега е на високо ниво, желбата за надигрување и нови предизвици е уште поголема кај нив . Овој успех се должи на безпоштеднатрка работа и влогот кој го даваат на тренинзите, подршката која секогаш им ја даваме како стручен штаб , хармонијата , другарството и синергијата која владее во нашата екипа, изјави Филип Арсовски за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски