Одкако завршиа предизвиците во главна фаза во ЕХФ Лигата на шампионите каде вардарки одиграа одлична сезона и се пласираа во 1/4-финалето од елитната женска лига, за девојките почнуваат обврските со домашните мечеви, така во вторник ги очекуваат првите обврски на домашна сцена за оваа сезона.
Избраничките на Индира и Камара ќе одиграат дуел од Купот на Македонија, тие ќе играат меч од од 1/4-финалето во националниот Куп против екипата на Овче Поле. Овој дуел е закажан за вторник 1-ви март со почеток во 18:30 часот, истиот ќе се одигра во малата сала при СЦ „Јане Сандански“. По одигрување на оваа прва фаза од Купот следи Ф- 4 завршницата која е закажана за во мај. Неспорно дека девојките се апсолутни фаворитки , а тие се и бранители на пехарот во Купот.