Нема многу одмор за фудбалскиот клуб на Вардар, генерација родени “2006“ година. После настапите во детската лига и двете победи за избраниците на Кралевски, оваа генерација вчера одигра пријателски натпревар против екипата на Неготино. Црвено-црните забележаа убедлив триумф со резултат 12:4. По четири голови постигнаа Марко Николовски и Стефан Колоски. Хет-трик зад името на Давид Голубов и еден погодок за Максим Цониќ за нов убедлив триумф.
Фк Вардар: Андреј Данстак, Михаил Николов, Максим Цониќ, Стефан Колоски, Дамјан Крстевски, Драган Јанкоски, Михаил Танчев, Никита Патаровски, Давид Голубов, Марко Николовски, Милош Спасовски, Мартин Ивановски.
Овој натпревар се одигра на теренот под Кале, се играа вкупно три полувремиња по 20 минути. Ова беше одлична можност да се одржи добрата форма и победничкиот ритам за младите Вардарци, кои во саботата прикажаа одлична игра во детската лига.