Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пуштени во продажба картите за натпреварите против Монпелје и Веспрем
Пуштени во продажба картите за натпреварите против Монпелје и Веспрем

Пуштени во продажба картите за натпреварите против Монпелје и Веспрем

Од денес се пуштени во продажба билетите за натпреварите на Рк Вардар, против екипата на Монпелје во лигата на шампионите и со Веспрем во сеха-лигата. Мечот во ЛШ, против Монпелје ќе се одигра во сабота со почеток од 17:30 часот. Ова е последен натпревар за црвено-црните во групната фаза од најголемото ракометно натпреварување. Со триумф на Вардар и победа на Барселона против Рајн-Некар, нашиот ракометен шампион ќе заврши на третото место во својата група. На 08.03 ( вторник), црвено-црните ќе го одиграат и дерби натпреварот од сеха-лигата со екипата на Веспрем. Овој дуел исто така ќе започне од 17:30 часот во спортскиот центар Јане Сандански. Двете екипи веќе обезбедија пласман на завршниот турнир.

Секој ден од 10-18 часот пред билетарницата на С.Ц. Јане Сандански ќе можете да набавите билети за претстојните два натпревари на Вардарци. Дополнителни информации можете да добиете преку www.ticketplus.mk