Вардаровиот голман Страхиња Милиќ имаше блескава партија на нашиот гол на дуелот против Пик Сегед. Тој беше еден од најзаслужните за победата во Унгарија, откако пред крајот на првиот дел го замени Арпад Штербик. Мечот го заврши со 13 успешни интервенции, бранејќи многу зицер топки на противникот. Тоа не остана незабележано од ЕХФ кои го сместија Милиќ во идеалниот тим на колото и во најдобрите 5 одбрани. Ова беше можеби еден од најдобрите натпревари за него во новата натпреварувачка сезона.
Најдобриот тим на колото го сочинуваат:
- Страхиња Милиќ ( Вардар)
- Стефан Сигурмансон ( Рајн-Некар)
- Стипе Мандалиниќ ( Загреб)
- Расмус Лауге ( Фленсбург)
- Ласло Наѓ ( Веспрем)
- Гапер Маргуч ( Веспрем)
- Растко Стојковиќ ( Брест)
Гласајте за Милиќ, да биде избран за најдобар играч на колото, на следниот линк ТУКА.