Двајца ракометари на црвено-црниот машки ракометен колектив хрватскиот интернационалец Лука Циндриќ и “Летачкиот русин“ Тимур Дибиров се избрани во најдобрата седморка за изминатиот месец, февруари во регионалната СЕХА Газпром лига. Во идеалните седум има место покрај за вардарците за членовите на од Мешков, Веспрем и Војводина. Вардарци изминатиот месец има два меча и тоа нагости кај екипите на Борац и Нексе. Покрај ова е избран и најдобар тренер за минатиот месец, тоа признание му припадна на Сергеј Бебешко од екипата на Мешков Брест.
Идеалната седморка во СЕХА-Лигата за февруари изгледа вака :
Голман – Мирко Алиловиќ -Веспрем
Пикер – Андреас Нилсон -Веспрем
Среден бек – Лука Циндриќ -Вардар
Десен бек – Дајнис Кристопанс -Мешков Брест
Десно крило – Страхиња Станковиќ -Војводина
Лево крило – Тимур Дибиров -Вардар
Лев бек – Павел Атман -Мешков Брест