Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија продолжија натпреварите во детската лига за генерации родени “2002“ , “2003“ и “2004“ година.
Фудбалскиот клуб на Вардар генер. “2003“ го доживеа првиот пораз во детската лига, откако бевме поразени од екипата на Милано со минимален резултат од 1:0. Во еден натпревар, на кој нашите млади надежи имаа контрола на играта и неколку шанси за погодок, среќата на крајот беше на страната на противникот. Се играше две полувремиња по 25 минути со 8+1 играчи на теренот.
Првите пет минути поминаа без некои опасности кон головите на двете екипи, иако Вардарци добро го започнаа мечот. Сепак првата прилика за погодок ја имаше екипата на Милано, акција од левата страна за противникот, сепак брани нашиот голман Лука Стојковски. Најголемата прилика за Вардар во првиот дел ја имаше Филип Ѓорѓиевски, кој од слободен удар ја погоди пречката на противничкиот гол. Првиот дел заврши без голови 0:0.
Во второто полувреме, неколку прилики за црвено-црните да го отворат резултатот. Започна акција од средината на теренот по десната страна, нафрлена топка во противничкиот простор, Дарио Јордановски ја закачи топката која помина само покрај голот на Милано. Александро Прелоговски имаше можност доколку беше побрз во ударот да направи нешто посериозно, сепак многу чекаше па ударот беше изблокиран од противничките дефанзивци. Слободен удар за Вардар, биеше Дамјан Марковски, но голманот на Милано ја скротува топката во своите раце. Милано играше тактички добро и се обидуваше да изнуди трет корнер за да изнуди удар од пенал. Нова прилика за Влатко Стојановски кој шутира само покрај голот. Се играа некаде последните 3 минути, кога Милано а постигне гол и да го отвори резултатот. Во последната минута беше досуден пенал за Вардарци, но за жал Филип Ѓорѓиевски не го претвори во гол за израмнување. Конечниот резултат гласеше 1:0 за Милано. Ова воедно беше прв пораз за избраниците на Ане Андовски во оваа сезона на детската лига.