Натпреварот започна со гол на Палмарсон, а Унгарскиот шампион имаше предност се до шесттата минута (2:4). Следуваше серија на црвено-црните од три последователни голови за прво водство од 5:4. Се играше црвсто на двете страни и со мал број на погодоци по првото полувреме. Во продолжение од играта Вардарци се подобар противник на теренот и успеваат да му избегаат на противникот за три погодоци (8:5). Петар Ангелов го започна овој дуел на голот и по првиот дел имаше 6 успешни интервенции. Следи мал пад во нашата игра, кој му овозоможува на противникот да го израмни резултатот на 9:9. Дибиров во следниот напад погодува за ново воство, но со двата гола на Ренато Сулиќ Веспрем има предност од 10:11. Сепак во последните две минути, Вардар успева на одмор да замине со водство од 13:12, иако имавме и последен напад за зголемување на водството.
Веспрем многу подобро го започнува второто полувреме, постигнувајќи четири голови, додека Вардарци само еднаш во првите седум минути ја затресоа мрежата на Миклер. Ова беше и највисока предност за гостинот на натпреварот (14:17). Милиќ го започна второто полувреме, но сеуште не успеаа да забележи одбрана. Црвено-црните возвраќаат на ист начин и повторно мечот започнува од почеток, ново израмнување од 19:19. Момир Илиќ е најрасположен играч во гостинскиот тим, одржувајќи го Веспрем во минимална предност. Ерупција на трибините во Јане Сандански, најпрво Стоилов, па Шишкарев го враќаат Вардар во водство од 24:23. Во наредните пет минути се игра гол за гол, гледаме доста израмнет и интересен натпревар. Веспрем успева да се одлепи на два гола разлика, што беше знак Гонзалес да побара тајм-аут. На две минути пред крајот Циндриќ го израмнува резултатот, но Илиќ со својот деветти погодок го враќа Веспрем во водство. Во една неизвесна завршница двете екипи на крајот ги поделија бодовите. Брумен погоди за израмнување. Конечниот резултат гласеше 30:30
Дибиров и Циндриќ беа најефикасни во редовите на Вардар, со по 6 постигнати голови.