Вардар и Работнички ги поделија бодовите денеска, нашиот тим одигра 1:1 против Работнички во еден црврст натпревар. Стрелец на голот за Вардарци беше Марио Асенов од пенал. Првите 11-мина на Вардар за овој натпревар беа: Матеј Андов, Апостоловски Андреј, Мирчевски Виктор, Ристевски Михаил, Манасиевски Филип, Бојковски Дамјан, Петковски Виктор, Илиевски Марио, Ариф Ибраим, Астарџиев Давид и Николов Матеј.
Натпреварот започна со испитување на силите и игра по средината на теренот. Прв удар кон еден од головите за Вардар, Ибрахим Ариф бие само во рацете на голманот. Работнички сепак успеа да го отвори резултатот, откако судијата покажа на белата точка. Успешно изведен удар за водство од 1:0. Следуваше слободен удар за црвено-црните, се направи мешаница во противничкиот шеснаесетник, но Работнички ја отстрани опасноста. Вардар во продолжение ја имаше топката во посед, но без посериозни шанси. Последната можност во првиот дел за израмнубање ја имаше Ариф, кој биеше од слободен удар од некаде 25 метри, но само по средината на голот. Крај на првото полувреме со предност за противникот.
Вардар во второто полувреме направи две измени. Уште една, 7 минути во вториот дел три измени се направија кај нас. Измените вродија со плод, соборен наш играч во противничкиот шеснаесетник, досуден пенал за Вардар. Марио Асенов погодува за израмнување на 1:1. Самир Хасиќ и Асенов внесоа живост во играта на Вардарци, кои продолжија со добра игра на теренот. Шанса потоа имаше за Работнички, невнимание на нашата одбрана за среќа удар над голот на Матеј Андов. Потоа полушанса имаше за Вардар со акција од левата страна, но топката заврши далеку од голот на противникот. Скратен пенал од три корни за Вардар. Брани голманот на Работнички, биеше Астарџиев, пропуштивме шанса за победа. Крај на мечот 1:1