Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Давид Дејвис: Работиме секојдневно со Гонзалес за повторно да ја освоиме Лигата на шампионите
Давид Дејвис: Работиме секојдневно со Гонзалес за повторно да ја освоиме Лигата на шампионите

Давид Дејвис: Работиме секојдневно со Гонзалес за повторно да ја освоиме Лигата на шампионите

Новиот кормилар на клупата на женскиот ракометен шампион, Давид Дејвис Камара во интервју за ЕХФ говори за неговата работа во ракометните екипи на Вардар. Тој дојде како замена за Јан Питлик и за краток период нанижа четири последователни победи со женскиот тим.

-Водењето на двата тима за мене нема разлики. Тренирањето си е тренирање, спортот е спорт. Ја прифатив понудата бидејќи женскиот тим има многу добри, одлични играчи. Ова е како подарок за мене. Веќе еден месец сум со женскиот тим и не може да бидам посреќен, по горд и позадоволен од нивната игра.

Камара говори за соработката со Раул Гонзалес, од кој учи многу работи кои се обидува да ги пренесе и во женската екипа на Вардар.

-Главната причина поради која сум во женскиот тим е да се обидам да го воспоставам и кај нив системот кој го имаме во машката екипа. Како што можете да си замислете, никогаш не е исто, бидејќи играчите се различни, меѓутоа основата е иста. Со Раул разговарам многу и тоа достса ми помага. Тој е мојот ‘мастер’. Коментираме за тоа што сме работеле на тренинзите со женската екипа и ако функционирало што сакам да направам следно, дискутираме за екипите против кои играме.

На крајот на интервјуто говори за шансите на двете екипи да ја освојат титулата од лигата на шампиони.

-Во моментов во женската ЛШ има помалку врвни тимови, па би требало да е полесно, барем на хартија. Сепак, ‘лесно’ е збор кој никогаш не одговара кога зборувате за спорт, барем не за мене. Работиме секојдневно за повторно да ја освоиме Лигата на шампионите. Раул освои три титули како асистент, јас имам три како играч. Сега сакаме уште една, најмалку една, вели Давид.