Утре во нашиот бисерен град Охрид ќе се одигра натпреварот помеѓу ФК Вардар и екипата која прва година е во најквалитетната македонска фудбалска лига ФК Младост Царев Двор. Дуелот е закажан со почеток во 14:00 часот и од истиот ќе има пренос преку видео стрим.
Во кратката историја на меѓусебни дуели Вардар е целосно доминантен, вкупно имаме само два меѓусебни дуели во историјата на двата клуба. Избраниците на Гоце Седлоски однесоа две победи со гол разлика 7-0. Во првиот дуел кој се одигра на 23 Август во Скопје црвено-црните однесоа победа со 6:0 на стадионот во Ѓорче Петров. Вториот дуел се одигра на гости, каде играчите на Младост покажаа подобра игра, но сепак беа совладани со 0-1 по удар од белата точка на Фелипе во 37 минута, овој дуел се одигра на 28 октомври. Очигледно според моменталната состојба во играчкиот кадар, квалитетот кој е неминовно на страната на Вардар, позицијата на табелата на двата тима ние сме тотални и апсолутни фаворити во овој меч. Фудбалската федерација на земјава за овој дуел за главен арбитар го одреди судијата Јосип Бартон.