Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Голема победа во дербито со Работнички, кадетите на Вардар во херојска битка ги победија “Романтичарите“
Голема победа во дербито со Работнички, кадетите на Вардар во херојска битка ги победија “Романтичарите“

Голема победа во дербито со Работнички, кадетите на Вардар во херојска битка ги победија “Романтичарите“

Предмалку на фудбалскиот терен во скопсата приградска населба Марино се одигра мечот од првото пролетно коло во кадетската лига. Во истиот се сретнаа нашиот црвено-црн кадетски состав и врсниците од Работнички, овој дуел го добија нашите момци со храбра игра со гол во вториот дел, мечот заврши со резултат 1-0. За вардарци стартуваа следните: Зибери, Тасевски, Серафимов, Џуклевски, Јордановски, Насковски, Менкиноски , Дишлиевски, Марковски, Трајчевски  и Стоименов.

Во првиот дел избраниците на Влатко Колев тргнаа први во офанзива на почетокот, првата шанса дојде во 2.мин  но одбраната на Работнички расчисти во корнер. Првата посериозна шанска ја имаше Стојменов во 4 минута кога упати одличен удар од 20.метра топката заврши 5-10 см над пречката. Две минути потоа по одличем центар-шут со глава прекрасно шутира Насковски, но голманот на “Романтичарите“ прекрасно брани. Целосна доминација на теренот на нашите црвено-црни надежи, повторно се закануваме кон противничкиот гол со удар од 16-18 метра одлично шутира Дишлиевски и овој пат голманот на гостите е на висината на задачата. Гостинските играчи се обидуваат да се ослободат од притисокот и да ја префрлат топката во нашето поле ама вардаровите момци со сврста игра на средината не го дозволуваат истото. Следниот период го краси цврста игра со многу дуели на на средината од игралиштето во Марино. Повторно удар одличен за Вардар од дистанца Стоименов од 20 метра шутира , а топката минува веднаш над гредата од голот на гостите. Првата шанса за “Романтичарите“ ја имаа во 25 минута кога со удар од 16 метри прекрасно шутираат кон нашиот гол сепак Зибери со прекрасна парада исфрла во поле.  По оваа шанса екипата на Работнички е во целосна офанзива , тие имаат три корни едно подруго но нашата одбрана одлично се носи со притисокот.  Абдула влегува во игра на повредениот Дишлиевски , што донесува освежување во нашиот тим.  Стоименов има нова шанса во последната минута од првиот дел, упатува силен удар по земја од 20 метра а голманот на Работнички исфрла во нов корнер.

Вториот дел почнува со цврста игра на средината , црвено-црните први ја преземаат иницијативата имаат три корни од кој за жал не успеваат да погодат во мрежата на Џамтовски. Клупата на Вардар ја прави првата измена Скендерски влегува на местото на Стојменов. Оваа измена донесе повторно свежина доминираме , а таа иницијатива ја наградуваме со гол. Се играше 62 минута кога одличен погодок постигнува Трајчевски со удар од дистанца го совладува Џамтовски,  што предизвикува голема радост кај црвено-црните играчи. Понесени од водството во продолжение црвено-црните доминираат топката ја држат високо пред голот на гостинот. Марковски добива топка надвор од казнениот простор на гостите , одлично од свртување шутира топката завршува на 10-сетина сантиметри крај левиот директ од голот на Џамтовски. Работнички е во опасен налет во 25 минута од вториот дел со лизгачки старт нашиот одбранбен фудбалер Серафимов исфрла во корна и ја расчистува опасноста. Во продолжение се обидува и Менкиноски од дистанца , но неговиот удар е блокиран од одбранбениот играч на гостите Костандинов. Црвено-црните умно го трошат времето во продолжение со игра во полето на “Романтичарите“  чувајќи го водството од еден погодок што го имаат.  Работнички имаат спорадични напади  но комплетаната вардарова одбрана е на ниво на задачата. Вардар се обидува да ја држи топката на центарот од теренот како би минувало времето одлучени сме да однесеме три бода од ова дерби на колото. Марковски Дејан повторно во шанса со волеј удар се обидува но гостинскиот голман прифаќа. Владимир Колев ја прави и третата измена во нашиот состав во игра го внесува Спирковски Дино на место на денес одличниот  Трајчевски Александар кој го постигна единствениот гол денес. Половина минута потоа судијата свири крај на мечот.