Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на Вардар поразени од Работнички 3-2
Пионерите на Вардар поразени од Работнички 3-2

Пионерите на Вардар поразени од Работнички 3-2

Пионерите на ФК Вардар на теренот на Алумина денеска беа поразени од тимот на Работнички со резултат 3:2. Нашите играчи потфрлија во завршницата од мечот. Пионерите на Вардар настапија во следниов состав: Тимевски, Петковски, Спасиќ, Адем, Каркалашев, Рамиќ, Дарлишта, Ѓорѓиески, Бериша, Ристовски и Битиќи.

Натпреварот во првите 15 минути се одвиваше без поголеми прилики за постигнување на гол. Вардар имаше доминација и најчесто напаѓаше од десната страна. Двете екипи претпазливи во својата игра, сеуште без некое возбудување пред двата гола, а се играше 30 минута од мечот. Потоа корнер имаше за Вардар, со глава биеше еден наш играч, но покрај голот на противникот. Најголема шанса во првиот дел за Кристијан Ристовски, акција од десната страна со нафрлена топка, голманот на Работнички спаси чист погодок. Првото полувреме заврши без погодок 0:0

Феноменален погодок за Саит Битиќи за водство на Вардар од 1:0 во првата минута од второто полувреме.  Момчето кое го засили Вардар донесе голема радост. Сепак радоста на Вардар не траеше долго време, Работнички израмнува на 1:1. Најпрвин имаше слободен удар, нашиот голман одбрани, но одбиената топка со глава ја смести во нашиот гол еден од играчите на противникот. Дожд од голови на теренот на Алумина, за само пет минути три погодоци и ново водство за црвено-црните од 1:2 во 46 минута. Стрелец на голот беше Али Адем. Шанса потоа имаше Работнички за да го израмни резултатот, во два наврати од слободен удар, за наша среќа голманот на Вардар брани. Направена беше и првата замена во Вардар, во игра влезе Марко Ѓорѓиевски на местото на Кристијан Ристовски. Неколку невниманија во нашата одбрана, што не чини примен погодок за израмнување на 2:2 во 70 минута. Работнички е подобар противник во продолжението од дуелот. Домаќинот успева да направи комплетен пресврт и да поведе со 3:2. Крај на натпреварот 3:2 победа за Работнички.