Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на Вардар забележаа победа со Работнички во дербито на колото
Младинците на Вардар забележаа победа со Работнички во дербито на колото

Младинците на Вардар забележаа победа со Работнички во дербито на колото

Денеска на фудбалскиот терен во скопско Марино се одигра мечот од првото пролетно коло во младинската лига, во овој дуел црвено-црните младинци беа домаќини на врсниците од ФК Работнички. Во еден цврст дуел по дождливо време и влажен терен далеку поуспешни беа младинците предводени од Љубчо Марковски-Калц, нашите момци однесоа победа во овој дуел со 2-1. За нас на овој меч настапиа : Трајчевски, Ричков, Јошевски, Исмаил, Личина, Димков, Додевски, Димитровски, Даци, Тасевски и Апостоловски.

Првите петнаесет минути минаа во игра на средина од теренот без посериозни шанси на двете страни, со по некој спорадичен обид да се влезе во сериозна шанса, но без поголем успех на двете страни. Првата посериозна шанса ја имаа гостите во 17 минута, сепак топката заврши надвор од рамките на голот на Трајчевски Филип. Нашите момци ја префрлиа топката на противничката половина во продолжението и се обидуваа да постигнат први погодок на овој дерби дуел. За нас прва шанса имаше Ердоган Даци во 20 минута кој со прекрасен волеј удар се обиде, но топката заврши над гредата. Следеа минути на “Романтичарите“ акција по десната страна силен центар-шут по земја топката доаѓа до напаѓачот на гостите кој со умерен удар се обидува да го совлада Трајчевски кој брани сигурно и ја исфрла во корнер топката.  Во 25 минута уште една шанса за Работнички удар од 25 метра силен удар, но нашиот голман повторно е на висината на задачата. Вардаровите момци почнуваат по оваа шанса да ја преземаат иницијативата, доаѓа и една убава шанса за нас одличен центаршут од десната аут линија на Даци топката во срцето на казнениот простор одлично ја смирува Димков кој упатува волеј удар кој за жал завршува над пречката.  Се играше 36минута од првиот дел , топката дојде до Дарко Додевски кој лукаво пласираше на втората статива и успеа да постигне погодок за предност од 1-0 на избраниците на Калц. До крајот младите вардарци играа смирено и со долги акции со цел да заминат на полувреме со сигурна предност од еден гол, во што и успеваат.

Вторите 45 минути почнаа со засилен дожд на теренот двата тима играа претежно на средината од теренот во првите водедни пет минути во вториот период. Романтичарите повторно имаа први шанса во 7 минута голема шанса со одличен удар имаше Кудијан чии удар заврши крај левата статива.  По само две минути истиот играч со глава по претходно изведен слободен удар од позиција на “скратен корнер“  шутна силно но дирекно во рацете на Трајчевски. Нашите младинци тргнаа поофанзивно и ги зачестиа атаците кон голот на гостите во продолжението од дуелот. Ричков Андреја  ја прими топката ја поведе покрај  десната  аутлинија се одлучи за долг центар шут на втората статива топката одлично ја прими Тасевски Стефан кој шутна одмерено во под пречката, голманот на Работнички не успеа да интервенира тоа беше гол за 2-0.  Целосно бевме префрлени пред голот на “Романтичарите“  каде се редееа шанса по шансза за нас, Даци од  слободен удар се обиде но не успеа да погоди, а веднаш по него од 25 метра од нов слободен удар оддесно се обиде и Димков топката заврши 5-10см над гол конструкцијата. Уште една шанса во серија за Вардар сега асистираше Димков до Даци кој шутна крај левиот дирек.   Работнички по една акција во која бевме со играч помалку заради укажување на лекарска помош на нашиот напаѓач успеа да намали на 2-1 во 86 минута . Се потрудивме да ја вратиме предноста во од два гола во финишот, убава шанса имаше повторно Даци од слободен удар во 88 минута. По оваа шанса се повлековме со цел да ја одбраниме предноста, Калц направи две измени во последните минути на Кремчевски влегува на место на Димков и Тодоровски го замени  Додевски. Веднаш по последниот судиски свиреж младите вардарци радосно ја прославија оваа важна дерби победа.