На полусезоната во ПМФЛ ФК Вардар го доби првото зимско засилување во името на Дамир Којашевиќ. Тој потпиша 2,5 годишен договор со шампионот на Македонија. Којашевиќ дојде во нашиот тим од црногорскиот есенски шампион Младост. Овој црногорски играч има 28 години, минатата полусезона во својот тим бил втор најдобар стрелец , со постигнати 7 погодоци на 14 натпревари. Дамир во минатото има настапувано за Дечиќ, Јагилона од Полска, Сараево, Горник, Будуќност, Астана (каде има одиграно 61 натпревар), и Локомотив Ташкент. Ви го носиме неговите впечатоци од Скопје, како се адаптирал во Вардар и ни раскажува со кој од своите колеги највеќе се дружи во неговото слободно време кога нема обврски поврзани со фудбалот.
Лесно се адаптирав во Скопје , тука сум два месеца секој почеток е тежок, но на крајот се приспособив целосно овде. Скопје е навистина убав град, многу ми се допаѓа, ќе ми треба малце време да го запознаам целиот иако веќе знам доволно од него. Овде се дружам со сите свои колеги играчи, али највеќе време минувам со Мијушковиќ, Ќеран, Кобетиќ и Глишиќ.
Тој во продолжение зборува за својата форма во дресот на црвено-црните и амбициите на нашиот шампион до крајот од престојнава сезона и европските мечеви кој следат, нашата 99-ка вели :
Сеуште не сум ги запознал сите свој соиграчи, но ќе дојде се на свое, велам дека она што досега сум го пружил не е мојот максимум. Можам повеќе и тоа ќе го докажам во следните мечеви за црвено-црните, како одминува времето ќе бидеме подобро воиграни. Амбициите на Вардар се титулата и да минеме до групна фаза во некое европско натпреварување и се надевам дека имаме сила за такво нешто- изјави Дамир Којашевиќ за Вардар фанс.
МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ