Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2004′ не запира со победите, нова “жртва“ беше екипата на Гоблен од Куманово
ФК Вардар генер. “2004′ не запира со победите, нова “жртва“ беше екипата на Гоблен од Куманово

ФК Вардар генер. “2004′ не запира со победите, нова “жртва“ беше екипата на Гоблен од Куманово

Денес продолжија натпреварите од детската фудбалска лига. Можеби најдобрата генерација во пролетниот дел од сезоната, родени “2004“ година продолжуваат со победите, најавувајќи дека се наоѓаат во одлична форма. Совладана беше екипата на Гоблен, со убедлив резултат од 9:1.

Уште од првите секунди на натпреварот, избраниците на Филип Арсовски му дадоа до знаење на противникот дека нема што да бара на овој дуел. Прв во акција и удар кон противничкиот гол беше Георг Стојановски, кој биеше само во рацете на добро поставениот голман на противничката екипа. На првиот погодок не се чекаше многу време, откако Сандро Каровски ја затресе мрежата на Гоблен за водство од 1:0. На голот претходеше акција од Марио Ричков кој уфрли топка во противничкиот простор, Каровски се најде на вистинското место за отварање на резултатот. Вардарци имаа голема прилика за зголемување на предноста, откако одземоа топка од половината на противникот, повлече Димитар Стоимов кој несебично додаде до Стојановски кој биеше само над голот. Казната стигна на спротивната страна за израмнување на 1:1, по невнимание на нашата одбрана. Сепак тоа беше се што успеа противникот да стори на овој меч. Во продолжение следуваше голеада на црвено-црните. Георг Стојановски погодува од пенал, откако противникот направи три корнери. Расположениот на овој меч Никола Анчевски зголеми на 3:1, со акција од левата страна неговите соиграчи успешно го проиграа а овој без проблеми биеше во мрежата на Гоблен. До крајот на првиот дел уште еден погодок за 4:1, дело на Георг Стојановски.

Во второто полувреме првите шанси беа дело на Тео Перковски, но неговите уари беа успешно одбранети. Во прилика да се запише во листата на стрелци се најде и Лука Ивановски и тоа во два наврати. Продолжуваат шансите за Вардар, Марио Ричков ја зафати пречката од голот на Гоблен при одлично изведен слободен удар. Сепак тоа што не успеаа на почетокот на вториот дел, Тео Перковски го искористува некаде на средината на второто полувреме, кога погодува за 5:1. Зголемување на водството за 6:1 и погодок на Лука Ивановски, по асистенција на Стојановски. Најдобриот голгетер на оваа генерација Георг постигнува гол за високо водство од 7:1. Чуварот на мрежата на Вардра, Стефан Тасев брани пенал на противникот. До крајот уште два погодоци за црвено-црните и тоа зад името на Никола Анчевски, за конечни 9:1 на овој натпревар.