Денес во големата и малата сала на спортскиот центар Јане Сандански продолжија натпреварите од ракометната Јуниор лига, во машка и женска конкуренција. Во малата сала први натпревари се одиграа во женска конкуренција, во генерација родени 2002/03 година.
Екипата на Академија 2 беше поуспешна од РК Кастратовиќ со резултат 5:13. Интересно е што РК Кастратовиќ одлично го започна мечот и имаше водство од 3:2. Од тие моменти следеше голем пад во играта на Рк Кастратовиќ, кој им ја препушти целосно играта на Академија 2, кои набрзина направија серија од три последователни голови за преземење на предноста. До крајот на првото полувреме таа предност достигна три голови позитива, откако на одмор се замина со резултат 5:8.
Целосна доминација во второто полувреме за Академија 2, која не му дозволи на противникот да постигне гол, наспроти нивните 8 погодоци во мрежата на РК Кастратовиќ. Конечниот резултат гласеше 5:13 во корист на Академија 2.
Победа пак за РК Кастратовиќ генерација родени 2002 година. Оваа екипа беше поуспешна од екипата на Опш. Кисела Вода и тоа со пресврт во второто полувреме. Кисела Вода на почетокот имаше водство од 1:3, кое го зачува до крајот на првиот дел (2:3). Во вториот дел при резултат 3:4 за Кисела Вода, РК Кастратовиќ успева да направи голем резултатски пресврт и со пет голови во серија да донесе триумф од 8:4.