Еден од главните адути на полскиот тим Висла против нашиот РК Вардар ќе биде португалскиот репрезентативец Тиаго Роча. Роча настапува втора сезона во дресот на Висла, досега во ЛШ Роча има постигнато 57 погодоци, што го прави најдобар стрелец на тимот. Роча минатата сезона против Вардар не настапи ниту на двата натпревари поради повреда. Инаку, Роча минатата сезона застана на 35 погодоци.
Оваа сезона Роча највеќе голови му даде на тимот на Веспрем на домашен терен вкупно девет, исто така и значајна улога имаше против Кил на гости на 17.02 кога исто така беше најефикасен поединец во тимот на Висла со седум постигнати голови. Несомнено. најголемата опасност по голот на Вардарци ќе доаѓа токму од португалскиот играч, па Вардарци ќе треба да обрнат посебно внимание на овој играч.