Вчера во нашата сала се одигра дербито на 15-сетото коло во втората кошаркарка лига на Македонија. Пред полни трибини на Кале во еден одличен амбиент, потпомогнати од верните навивачи, кои ги поддржуваат кошаркарите на Вардар секој меч. успеаа да го зедат скалпот и на најуспешната екипа оваа сезона АВ Охрид. Ова е прв пораз за охриѓани оваа сезона, и тоа токму од КК Вардар.
Нашите кошаркари го добија овој натпревар со убедливи 75:62. Oва е шестта победа, од исто толку натпревари за КК Вардар оваа пролет. Сега нашиот тим се зацврсти на втората позиција на табелата со скор од 12 победи и 3 порази. Охрид на првата позиција има скор од 14 победи и еден пораз. На третата позиција е екипата на Гостивар со биланс од 10 победи и 5 порази.Следната сабота следи нов дерби меч за црвено-црните, кои гостуваат кај ривалот од Битола екипата на КК Пелистер и со победа на овој меч ќе бидат на 2 бода предност пред Гостивар во пресрет на последните две кола и многу веројатно ќе обезбедат промоција во најквалитетната македонска кошаркарска конкуренција.