Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар и Лазарови ги поделија бодовите
Пионерите на РК Вардар и Лазарови ги поделија бодовите

Пионерите на РК Вардар и Лазарови ги поделија бодовите

Утрово во спортскиот ракометен центар Кале се одигра натпревар во конкуренција на пионери, помеѓу екипите на РК Вардар и РК Лазаров. Мечот заврши со нерешен резултат 18:18.

Дуелот речиси во текот на сите 60 минути беше израмнет. Вардарци успеаа за момент да се одлепат на два гола позитива 6:4, но набрзина противникот го израмнува резултатот на 6:6. Лазарови дури и поведоа со 7:8, но црвено-црните враќаат со два погодоци во серија за нова предност од 9:8. И првото полувреме заврши со нерешен резултат од 10:10.

rk vardar pioneri-9

Вториот дел започна многу подобро за екипата на Лазарови, кои успеваат при водство на Вардар од 11:10 да направат серија од пет последователни погодоци и да се одлепат на 11:15, што беше највисока предност за една од двете екипи на целиот натпревар. Следиме подобра игра за избраниците на Андријана Будимир кои при резултат 14:17 успеваат да се вратат во натпреварот и повторно да израмнат на 17:17. Резулатот на мечот беше изедначен дури 12 пати, на 18-18 имаше напад за Вардар на минута и 11 секунди пред крај за време на истиот беше повикан тајм-аут од тренерот Будимир , но не успеавме да погодиме. За екипата на  Лазарови останаа 15 секунди каде направивме два фаули. Мечот заврши со обид од 9 метра за гостите по истеченото време, но топката заврши во поставениот блок на црвено-црните.

Дамјан Димитријевски со 6 и Никола Жерновски со 5 гола беа најефикасни во редовите на Вардар.

РК Вардар: Танев, Трајчевски 3, Алексовски, Савревски 1, Трајановски, Мишевски 1, Павловски, Ангеловски, Жерновски 5, Богдановски, Грујовски 2, Стоичевски, Димитријевски 6, Србиновски, Димчевски, Митревски.