Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Промени во распоредот од ПМФЛ
Промени во распоредот од ПМФЛ

Промени во распоредот од ПМФЛ

Поради настапите на сениорската и на младинската репрезентација на Македонија, 24 и 25 коло од ПМФЛ ќе претрпат мали измени. Имено, дербито на 24 коло помеѓу домаќинот шкупи и нашиот ФК Вардар ќе се одигра на 03.04 (недела) со почеток во 16 часот.

Измени ќе претрпи и следното (25) коло во ПМФЛ. Во 25 коло од ПМФЛ Вардар игра уште еден тежок натпревар овој пат на домашен терен против тимот на ФК Работнички, овој натпревар ќе се одигра на 06.04 (среда) со почеток во 16 часот. Вардарци по овие два натпревари ги очекуваат уште две пресметки со Силекс на гости и против Шкендија на домашен терен, потоа следува плеј -оф.