Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар одиграа нерешено во дуелот со Победа, на гостувањето во Прилеп. После триумфот во градското дерби со екипата на Работнички, избраниците на Влатко Колев ремизираа во второто пролетно коло од лигата.
Се играше еден цврст натпревар, без многу шанси за гол на двете страни. Црвено-црните испуштија триумф, откако имаа водство од 0:1 со голот на капитенот Дејан Маркоски. Сепак не успеавме до крај да ја оставиме мрежата зачувана, па Победa успеа да стигне до погодок за израмнување на 1:1, што беше конечен резултат на овој натпревар. Инаку по првото полувреме, резултатот беше оној почетниот 0:0.
ФК Вардар: Зибери, Петревски., Серафимов, Џуклевски, Јордановски, Насковски, Менкиноски , Дишлиевски, Марковски, Трајчевски и Стоименов.
Следува натпревар од полуфиналето на националниот куп, против екипата на Милано.