Денес во спортско рекреативниот центар “Кале“ се одигра дуелот на кадетите на РК Вардар со нивните врсници од РК Илинден . Дуелот изобилуваше со многу борба, интересен, во кој целосно доминираше вардаровата кадетска екипа . Вардаровите момци предводени беа клупата од нивниот стратег Грчевски Кристијан беа целосно доминантни во сите сегменти на ракометната игра.
Мечот се играше две полувремиња од по 30 минути и истиот заврши со резулат 37-10. Одлично прво полувреме одигравме во кое само еднаш примивме гол, по првиот период резулат на семафорот во “Кале“ беше 19-1.