Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на Вардар јуниор фуриозно го минаа РК Илинден
Кадетите на Вардар јуниор фуриозно го минаа РК Илинден

Кадетите на Вардар јуниор фуриозно го минаа РК Илинден

Денес во спортско рекреативниот центар “Кале“ се одигра дуелот на кадетите  на РК Вардар со нивните врсници од РК Илинден. Дуел во кој целосно доминираше вардаровата кадетска екипа, која е предводена од  клупата од нивниот стратег Грчевски Кристијан беше меч со многу погодоци. Нашите момци беа целосно доминантни во сите сегменти на ракометната игра и со тоа си ги зголемија шансите за завршниот Ф-4 турнир. Мечот се играше две полувремиња од по 30 минути и  истиот заврши со резулат 37-10. Одлично прво полувреме одигравме во кое само еднаш примивме гол, по првиот период   резулат на семафорот во “Кале“ беше 19-1.

Првиот дел го започнавме со фуриозни налети кон голот на РК Илинден каде погодивме 11 пати, а не примивме ниту еден погодок. На нашиот гол “царуваше“ Кизиќ кој до тој момент забележа 8 одбрани. Денес несовладивиот вардаров голман првпат беше совладан дури во 20 минута од првиот дел кога од седум метри кадетите на РК Илинден го постигнаа првиот гол денес за кој ќе се покаже подоцна дека е единствениот нивни погодок во првите 30 минути. Овој гол како да ги подналути црвено-црните кадети кои заиграа поангажирано и до крајот на првиот дел не дадоа да им се постигне гол. Нашите момци погодија уште осум пати за на полувреме да заминат со 19-1. најбрилијантен кај нас беше Кизиќ кој одбрани 16 удари од кои  4 пенали.

Вториот дел го започнавме како што го игравме цел прв период, со фуриозна игра во нападот и одлична игра во одбраната , на голот сега застана Брунчевиќ.  Правиме серија 5-0 за зголемување на предноста на 24-1. Повторно кадетите на Илинден погодуваат од седум метра тие намалуваат на 24-2 во 41 минута од дуелот. Избраниците на Дарко Јанев заиграа далеку поангажирано и се вратија во мечот имаа и позитивна серија од 4-6 тие стигаат на дваесет разлика 28-8 во 48 минута од мечот. Сепак избраниците на Грчевски Кристијан кој го водеше тимот денес, бидејќи  Чивлачки беше суспендиран  од претходно, заиграа поангажирано и ја вратија доминацијата на теренот. Тие до крај прават серија 8-2 на која “кумува“ Брунчевиќ со низа интервенции. Вардаровиот голман Брунчевиќ кој го замени Кизиќ нареди 11 одбрани во вториот дел.

Најефикасни кај нас беа : Ќосевски со 8 гола, Ангелковски постигна 6 погодока колку што имаше и Антевски,
Стојановски стрелаше успешно 4 пати, Тевдовски и Атанасовски погодија по 3 пати во мрежата на Илинден.