Младинците на фудбалскиот клуб Вардар ја забележаа втората пролетна победа во првенството. Избраниците на Љупчо Марковски со три бода се враќаат од гостувањето во Прилеп. После победаа во дербито со Работнички, нашите надежи продолжуваат со одлична игра во овој дел од сезоната. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 0:3. Стрелци на головите беа Кристијан Апостоловски, Ердон Даци и Виктор Димков.
Многу важна победа за младинците, кои го задржуваат чекорот со екипата на Шкендија за првото место. Гостувањата знаат секогаш да бидат незгодни, без разлика со кој противник играте. По првите 45 минути Победа успешно одолеваше на нашите напади и успеаа по првиот дел да немаат негатива. Сепак во второто полувреме дојде до израз квалитетот на Вардарци, кои во овој период на играта целосно го надиграа домашниот состав. На крајот сосема заслужен триумф за црвено-црните кои ја продолжуваат борбата за титулата во домашното првенство.
На овој дуел настапивме во следниов состав: Трајчевски, Ричков, Јошевски, Исмаил, Личина, Димков, Додевски, Димитровски, Даци, Тасевски и Апостоловски.
Веќе во среда треба да се одигра првиот полуфинален меч од купот на Македонија. Противник ќе ни биде тимот на Работнички.