Кога имате голман како Штербик на својот гол не треба да стравувате за конечниот исход. По којзнае кој пат откако го носи црвено-црниот дрес, Штербик успева да донесе победа за Вардар. Овој пат многу важна, која ни донесе пласман во најдобрите осум екипи во Европа. Кога беше најпотребно “октоподот“ Арпад му фати зицер топка на Српскиот репрезентативец и член на Висла Плоцк, крилото Никчевиќ. Тоа се случуваше во последната минута, кога се одлучуваше патникот во четвртфиналната рунда. Очекуваме ЕХФ да го номинира во изборот за ТОП-5 најдобри одбрани и во идеалниот тим на колото во оваа елиминациска рунда.
Погледнете ја неверојатната одбрана на Арпад Штербик, која донесе победа и дуел против Веспрем во четвртфиналето.