Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Ново Лисиче и Академија 1 со победи во Јуниор лигата, генер. “2004/05“
РК Ново Лисиче и Академија 1 со победи во Јуниор лигата, генер. “2004/05“

РК Ново Лисиче и Академија 1 со победи во Јуниор лигата, генер. “2004/05“

Победи за РК Ново Лисиче и Академија 1 во мечевите од ракометната Јуниор лига, во конкуренција на девојчиња родени 2004/05 година.

Екипата  на РК Ново Лисиче забележа победа во дуелот со Академија 2. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 8:2. Мора да се напомене дека на овој натпревар екипата на Академија 2 настапи со само пет ракометарки, кои го одиграа целиот меч. Тоа на најдобар можен начин го искористи РК Ново Лисиче за на крај да оствари триумф. Иако тимот на Академија 2 беше прва што го отвори резултатот и поведе со 0:1. Сепак бројчаната предност дојде до израз во продолжение од натпреварот. РК Ново Лисиче со серија од 4:0 успеаа да го преземе водството, за на полувреме да се замине со резултат 5:2.

Во второто полувреме, Академија не успеа да постигне гол, додека Ново Лисиче постигна три. Со тоа беше поставен конечниот резултат од 8:2 на овој натпревар.

Во истава возрасна генерација, победа и за екипата на Академија 1 во дуелот со тимот на Опш. Кисела Вода. Академија беше убедлива и го доби мечот со резултат 4:14. Во првите две минути резултатот беше израмнет на 1:1, по што следеше серија на Академија 2 од пет погодоци, за водство од 1:6. До крајот на првиот дел се одржуваше оваа предност и на одмор се замина со резултат 2:8.

Добрата одбрана на Академија 2 беше пресудна за победникот на овој меч. Уште само два погодоци од страна на Кисела Вода до крајот на натпреварот, говори за квалитетот на двете екипи. Серијата во второто полувреме траеше до резултат 2:12 и двоцифрена предност. Последните два гола до крајот беа дело на Опш. Кисела Вода, но само за намалување на резултатот.