Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати се сите четвртфинални двојки во лигата на шампиони, Вардар против Веспрем до Келн
Познати се сите четвртфинални двојки во лигата на шампиони, Вардар против Веспрем до Келн

Познати се сите четвртфинални двојки во лигата на шампиони, Вардар против Веспрем до Келн

Вечерва се одиграа останатите два натпревари во најголемото ракометно натпреварување, по што се познати сите осум екипи кои обезбедија пласман во четвртфиналето.

Екипата на Загреб која ја предводи Веселин Вујовиќ го направи најголемото изненадување, откако успеа на гостински терен да ја анулира негативата од еден погодок од првиот меч и да пласира во следната рунда. Хрватскиот шампион се надмина себеси и на крајот успеаа да слави сред Германија. Иако на моменти имаа негатива од пет голови и во најголем дел од мечот беа во бркање на резулатот, сепак собраа сили за подвиг забележувајќи триумф од 29:31. Решавачкиот погодок беше дело на поранешниот Вардарец, Добривоје Марковиќ. По првото полувреме Рајн-Некар имаше водство од 15:13. Во другиот натпревар кој беше денес на програмата Фленсбург исто така потешко од очекувањата го совлада Монпелје и благодарени на победата на гостински терен се пласираше во осумте најдобри екипи. Триумфот од еден гол беше доволен за избраниците на Љубомир Врањеш да излезат како победници во двомечот со францускиот претставник.

Екипите на Веспрем и Киелце беа сигурни и пред својата публика и по втор пат славеа во дуелите со своите противници. Веспрем многу поубедливо во натпреварот со Мотор Запорожје (41:28), додека Киелце повторно славеше против Брест Мешков, но Белорусите и на двата меча покажаа добра игра и борбеност. Дуелот во Полска заврши со резултат 33:30. Вардарци не израдуваа по вчерашната победа против Висла Плоцк и третта година по ред ќе го гледаме нашиот миленик во најдобрите осум екипи во Европа. Овие осминафинални дуели покажаа дека нема изразите фаворити во елиминациксите рунди и дека секој секого може да го намачи и совлада. Интересно е што три од осумте екипи ќе играат и на завршниот турнир од сеха-лигата, кој стартува за неколку дена во Вараждин.

Ова се следните четвртфинални двојки во ЛШ:

Вардар- Веспрем

Загреб – ПСЖ

Кил – Барселона

Фленсбург – Кјелце