Многу пати Петар Ангелов знаел како да ја дигне публиката на нозе и да го мотивира својот тим да игра подобро. Токму на ваква ситуација бевме сведоци на реанш натпреварот со екипата на Висла Плоцк. Во моментите кога на Вардар не му одеше најдобро во играта, и кога бевме во негатива на сцена стапи популарниот “Диви“. Дали тој беше најзаслужниот за прсвртот на Вардар, ќе мора да процените самите.
Но едно е сигурно дека неговата одбрана од пенал, го дигна цел Јане Сандански на нозе.